Извештај за изработен проект со збратимено училиште од Халинов, Полска

Објавено на: 23 December 2014

                       Извештај за изработен проект со збратимено училиште од Халинов, Полска

 

Горди сме да кажеме дека нашето училиште има земено учество во многу проекти кои резултирале со успех. Уште погорди сме за реализацијата на еден проект од посебен вид. Во мај месец, 2014 година, нашето училиште се збратими со училиште во Халинов, Полска. И двете училишта направија меѓусебни посети на државите и училиштата. Решивме да ја продолжиме соработката, па направивме заеднички план за проект на дадена тема. Темата е „Божиќ и Велигден во Македонија и Полска“. За подобар тек на проектот, истиот се подели на два дека, првиот дел ќе ја обработува традицијата на христијанскиот празник, Божиќ, а вториот дел обичаите за време на Велигден. Со задоволство може да кажеме дека првиот од проектот е веќе комплетиран. Истиот опфаќа 5 стази: Божиќни честитки, Божиќен календар, Божиќна песна („Тивка ноќ“) испеана на полски и македонски, традиционални јадења во Македонија и Полска и драма која ги опфаќа обичаите на празникот Божиќ. За проектот да биде реализирам потребни беа подготовки од околу еден месец, со голема посветеност на учениците и наставниците од нашето училиште. Нашата примарна цел беше да научиме нешто ново на туѓата култура и обичаи, да го подобриме нивото на англискиот јазик, да запознаеме нови пријатели, и секако да бидеме дел од еден голем заеднични проект кој бара континуитет од двете страни.

Ова се, на кратко, сите стази од проектот:

  1. Божиќни честитки – првиот дел од проектот кој воедно беше и најлесниот за реализација. Учениците се запознаени со Божиќните мотиви, талентирани се за цртање, боење, режење, импровизирање. Секоја честитка беше рачно изработена од учениците. Беа организира две засебни работилници каде учениците го покажаа својот талент, креативност и ентузијазам за работа. Целта на овој дел од проектот беше да се прослави среќата на овој Божиќен ден и да се размената идеа за иста тема со нашите пријатели од Полска.
  2. Божиќен календар – исто така направивме календар за одбројување до католички Божиќ (кој го слават нашите пријатели во Полска). Тој всушност ги претставува 24рите денови од декември, пред денот Божиќ. Секој ден од календарот е обележан на кутии кои пак во себе содржат подароци. Кутиите се споени за да создадат илузија на Новогодишна елка. Одбројувањето е симболички претставено со секојдневно отстранување по една кутија од елката.
  3. Божиќна храна – Македонско-Полското пријателство ни помогна да ја запознаеме Полската култура и традиција, обичаи и животни стилови. Кога ја посетивме Полска бевме одушевени од нивната прекрасна кујна, па затоа учениците заедно со наставниците подготвија неколку традиционални Полски јадена кои вклучуваа: предјадење, главно јадење и десерт.
  4. Божиќна песна-„Тивка ноќ“ – друг дел од проектот беше делот со пеењето. Ја одбравме многу популарната божиќна песна, „Тивка ноќ“. Нашиот училиштен хор ја испее песната на полски јазик, додека нашите пријатели од Полска истата песна ја пееја на македонски јазик. Ова е одличен начин за учење и промовирање на странски јазик, а исто така учениците се забавуваат за време на процесот  на изведување на песната. Ние оваа песна ја сфаќаме како мост кој ги поврзува нашите две земји, два градови, нашите училишта, и секако нашите срца за време на Божиќната ноќ.
  5. Божиќна драма – во драмата се опишани нашите традиционални обичаи за време на Бадник и Божиќ. Драмата е снимена на неколку локации и опфаќа неколку сцени. Таа ги вклучува: одењето на Коледе, традиционалната вечера со барање на бадниковото париче, збирање и играње околу Бадниковиот оган, Божиќното утро кога се оди во црква. Драмата е преведена на англиски и изведена од наши ученици.

Ова е наш прв проект во знакот на збратумувањето. Истиот немаше да биде реализиран да не беа нашите соработници – соученици и колеги, од Полска и нивната посветеност и заедничка комуникација за време на целиот процес. Се надеваме ќе Ви се допадне нашата идеа за реализација на овој проект и дека истиот ќе поттикне интерес и за други проекти. Се надеваме на поголем успех за вториот дел од проектот – „Велигден во Макединија и Полска“, кој ќе почне да се реализира со стартот на второто полугодие.

Искажуваме голема благодарност до сите ученици, наставници и соработници кои несебично помогнаа во реализацијата на проектот.

Извештај за изработен проект со збратимено училиште од Халинов, Полска
Останати новости