На проектот работеше наставничката Наташа Стојкоска заедно со 6 ученици од нашето училиште. Проектот траеше до мај, 2021. Учествувавме во онлајн натпревар во кој освоивме 1 и 3 место во конкуренција од 25 ученици. Преку овој проект и позитивната енергија, учениците научија многу за различните култури, го подобрија говорниот англиски и нивната самодоверба кон изразувањето. Учествувавме во разновидни активности како креирање на постер, лого, изработка на оригами,боење на камчиња кои зборуваат, картички за денот на мајката итн. Поголемиот број на активности беа реализирани преки ИКТ 2.0 алатките како Canva, logo maker, Wordcloud, Chutterpix, Story Jumper, Jigsaw Planet итн. Со користење на овие алатки секако со помош на наставничката учениците ги подобрија дигиталните вештини. Наставниците од партнер училиштата соработуваа преку онлајн состаноци кои ги одржуваа на месечно ниво.