Приредба по повод Свети Кирил и Методиј – Денот на сесловенските просветители
Приредба по повод Свети Кирил и Методиј – Денот на сесловенските просветители
Преку богата културно-уметничка програма, нашите ученици ни подарија моменти исполнети со песна, рецитации и театарски сцени, во чест на светителите кои оставија неизбришлива трага во историјата на нашиот народ и јазик.
Денес е денот кога треба да се заблагодариме за уката од сите просветни работници кои имаат улога на наши просветители.
Благодарност до сите кои беа дел од оваа убава манифестација.
Нека нивното дело ни биде постојан потсетник за значењето на знаењето, јазикот и културата!
Честит да ни е 24 Мај, Денот на сесловенски просветители Св. Кирил и Методиј!