Многубројни истражувања покажале дека интеракцијата меѓу децата и животните е многу корисна за психолошката, емоционалната, социјалната и физичката состојба на детето.
Во таа насока на 30 мај 2025 година, со учениците од четврто одделение од нашето училиште беше реализирана едукативна и рекреативна посета на Зоолошката градина во Скопје. При тоа на учениците им беше овозможено непосредно запознавање со различни животински видови, нивната средина, начинот на исхрана и однесување. Активноста беше спроведена со цел поттикнување на љубопитноста, социјалната интеракција и развојот на сетилното доживување кај учениците.
Децата со голем интерес ги набљудуваа животните, поставуваа прашања и учествуваа во дискусии предводени од наставниците. Посетата помина во пријатна атмосфера, со внимателна организација и поддршка, при што секое дете доби можност за индивидуално искуство и непосреден допир со природата.