Летниот распуст не ги спречува нашите ученици да работат и да ги продлабочуваат знаењата за дигиталната технологија. Две ученички активно учествуваат во проект на интернационалната платформа eTwinning заедно со наставничката по информатика Сара Р. Се запознаваат со нови web2.0 алатки и меѓусебно соработуваат и работат во заеднички проекти со учениците од другите држави како што се Турција, Јордан и Албанија.