Драги наши ученици нека оваа учебна 2023/2024 година ви биде среќна, успешна и предизвик за поголеми успеси.
Посебни честитки за нашите најмали – првачињата, бидејќи ова за нив е посебен ден, кој во нивнито сеќавање ќе заземе посебно место. Тука да изразиме голема благодарност за соработката на општина Македонски Брод која им обезбеди училишни ранчиња, а невладината организација „ Локал акт “ – Македонски Брод, ПЗУ Д-р Спаско Ѓурчиноски и Д-р Лозаноски обезбедија училишен прибор.