Во просториите на Europe House, во Скопје, се одржа свечено доделување на плакетите за ЕТВИНИНГ ознаката за училишта. Ние, заедно со уште 24 училишта од Македонија, сме горди на оваа престижна ознака која е резултат на упорноста, посветеноста и наградените проекти во изминатите неколку години. Официјално нашето училиште е на еднакво рамниште со европските училишта во однос на педагошките практики и иновативните пристапи кои се користат во наставата.