Во посета на училиштето беше кинескиот амбасадор господинот Жанг Зуо
Во посета на училиштето беше кинескиот амбасадор во Република Македонија господинот Жанг Зуо со неговите соработници, придружуван од градоначалникот на општина Македонски Брод, М-р Жарко Ристески и претседателот на Советот на општина Македонски Брод г. Ивица Аврамоски. Во пријателската средба со раководството на училиштето беше разговарано за реализацијата на курсот за бесплатно изучување на кинескиот јазик во училиштето што се одвива преку Институтот за кинески јазик во рамките на Универзитетот Св,Кирил и Методиј Скопје, и беа разгледани можностите за проширување на соработката со реализација на повеќе заеднички проекти. Беше направена кратка обиколка на училиштето со посета на часовите по кинески јазик. Од страна на директорот на училиштето на кинескиот амбасадор му беше доделена благодарница за плодна и успешна соработка и продолжување и проширување на истата.