Ангела Стојкоска ученичка од IX/1 одделение од нашето училиште е една од трите победници на овогодинешниот натпревар GENERALKA ART..Во името на генералниот покровител Пивара Скопје и официјалните партнери Пакомак,Шпаркасе банка и Нула отпад, претставниците од организаторот на GENERALKA VIKEND , Мен енд Маунтен, госпоѓа Гордана Софија и Ханес Јекл заедно со градоначалникот на општина Македонски Брод М-р Жарко Ристески и одговорниот за акцијата GENERALKA VIKEND за општина Македонски Брод госпоѓа Ирена Мишкоска на свечен начин ги доделија наградита за училиштето и наградената ученичка. За училиштето е обезбедена една голема жардинера заедно со соодветна почва и со колекција на оргинални афтохтони семиња. Нашите ученици за овие растенија ќе научат како се садат, растат, како се одгледуваат и на крајот како се собираат плодовите. Нашите деца ќе бидат поврзани со наследството на нашата култура со учење за тоа како се создавал и одржувал животот кај постарите генерации во нашата земја. Сакаме да го вратиме тоа чувство на успех при бербата на сопствениот зеленчук што учениците го одгледувале со љубов и грижа.