Традиционално, по повод новогодишните празници, денеска во холот на училиштето се одржа новогодишен базар. Учениците, заедно со своите родители, баби и дедовци изработуваа рачни творби, украсни предмети, домашно приготвена храна. На оваа манифестација, родители, вработени во основното училиште, наставници, купувааа од приложените предмети и прехранбени производи.