Визија и мисија


Визија


Учењето, хармонијата и просперитетот на учениците од нашево училиште кон посветла иднина.


Изјава на визијата:

Нашите ученици да се стекнат со вештини и знаења кои ќе им помогнат да се изградат во здрави и одговорни личности, подготвени за предизвиците на животот, оспособени да го применат стекнатото знаење и вештини. Со позитивно изградените вредносни системи тие да бидат носители на општествено- корисна работа, ценети и пожелни во пошироката општествена заедница.


Цел на визијата:

Преку воспитно образовниот процес да се влијае на создавање на здрави личности во поглед на физичкото, менталното и социјалното здравје кои ќе ги остварат обврските на одговорни граѓани.Стекнатите знаења и вештини да бидат трајни и истите да можат да ги применуваат во понатамошното образование и извршување на работните задачи.Остварувањето на визијата, училиштето ќе го овозможи преку стекнување на знаења, вештини и позитивни вредности на личноста.Континуирано ќе работи на остварување на целта на визијата преку учење, критичко мислење, напредување од сите области користејќи ги потенцијални средства со кои располага училиштето и околината.Тие ќе бидат реализирани преку подрачјата за планирање на наставните програми.




Мисија


Училиштето   предводи и поттикнува промени  кои се патоказ за креативна, здрава и образована личност.


Цел на мисијата:

Да бидеме  училиште кoe нуди современа, модерна, квалитетна настава која е прилагодена на потребите на учениците и ќе  овозможи нивно креативно, интелектуално и позитивно оформување и надградување.


Да влијаеме на сестраниот развиток на личноста со вистински вредности и начела кои ги стекнала кај нас, а ќе и бидат двигател и водич низ лавиринтите на животот.

Изјава на мисијатa: Мисијата ќе му овозможи на секој ученик да ги развива своите мисловни, емоционални, социјални и индивидуални способности преку усвојување знаења и вештини, да развие граѓанска свест за сопствениот, националниот и културниот идентитет, почитување на луѓето и грижа за здравјето и здравата околина.

Визија и мисија
Документи, програми, извештаи