Лична карта на училиштето


—Локација - ООУ “Св.Климент Охридски“ Македонски Брод. 


—Училиштето се до 1968 година го носи името “Кирил и Методиј“, од 1968 “Единство“, име кое го задржува се до 1997г., а од 1997  „ Св.Климент Охридски“.


—Од 01.12.2010 година се преминува во ООУ“Св.Климент Охридски“.

—Училиштето како целина е составено од два објекта кои внатрешно се поврзани со скалишен простор. Постариот објект е пуштен во функција во далечната 1946 г. ,а поновиот објект во 1990 година.


—Во состав на училиштето функционираат шест подрачни училишта.


—Основната дејност на училиштето:

— - дисперзирана организациона мрежа која ја покрива целокупната територија на општината;

— - во своето 67-годишно постоење низ училишните клупи поминале над 22.000 ученици;

— - наставата е организирана во едно централно и 6 (шест) подрачни училишта. Во училиштето се реализира следниот вид на настава: задолжителна настава, изборна настава, дополнителна настава, додатна настава, продолжен престој, слободни ученички активности.


 

Цели на училиштето


—Основите за планирање на воспитно-образовната дејност на нашево училиште се темелат врз основа на определбите на Законот за основно образование, анализите за развојот на основното образование и воспитание.


—Целта на нашето училиште е да им овозможи на учениците индивидуален развој во сообразност со нивните предиспозиции и кај нив да се развиваат чувства на одговорност, смисла за убавото, културните традиции и свест за припадноста на Р.Македонија и да ги почитуваат и исполнуваат граѓанските права и обврски.


—Целта ќе ја оствариме преку следните задачи:

— - да ги воспитуваме учениците за почитување на основните слободи и права на човекот за живеење во демократска заедница.

— - да се потикнуаат за правилен физички развој на учениците и одговорност за сопственото здравје, здравјето на другите, како и заштита на околината.

— - да се подржува сознајниот, емоционалниот и социјалниот развој на учениците.

— - кај учениците да се развива самостојноста, креативноста и да го збогатува интересот за усвојување на нови знаења.

— - учениците да ги оспособиме за усно, писмено и екстерно изразување и проверување.

— - oпшта цел на образованието е да го оспособи ученикот да го применува стекнатото и тековно знаење во разни области од човековото живеење.

— - поставување на воспитно - образовниот процес врз принципите на современата настава;

— - зголемување на образовната и воспитната компонента во училиштето;

— - продлабочување и проширување на знаењата на учениците во функција на нивна практична примена;


—Учениците да усвојуваат знаења, да ги развиваат своите способности и вештини потребни за продолжување на школувањето во средното образование:

- обезбедување на високи постигнувања и успех

—- подигање на мотивацијата на учениците и наставниците

—- зголемување на соработката и поддршката со локалната средина

- градење на соодветен систем на оценување, со јасно прецизирани начини и средства за оценување;

Лична карта на училиштето
Документи, програми, извештаи