За Патронот
Училиштето работи од 1968 година под името ЦОУ.”Единство”, но бидеќи тогаш се затвараат дел од училиштата името ”Единство”не е соодветно, па затоа е покрената иницијатива за промена на името . По триесет годишна работа поточно од 01.04.1998 година го носи денешниот назив ООУ. “Св. Климент Охридски”.
Нашето училиште со гордост го носи името на првиот оргинален писател и просветител, првиот словенски епископ и творец на Охридската книжевна школа.
Тој е најистакнат ученик на творците на словенската писменост ,светите браќа Кирил и Методиисто и продолжувач на нивното дело. Окулу дваесетина години ги поминува во просветителската Моравска мисија за одбрана на словенскиот јазик.
Едно непроценливо создадено дело од Климент заедно со Наум е обработувањето , преобразбата и поедноставувањето на Глаголицата , така што ја создаваат новата азбука која во чест на нивниот учител Кирил ја нарекуваат Кирилица.
Во 886 ја формира Охридската книжевна школа. Климент епознат македонски и словенски учител. Покрај црковните и педагошките дејности, особено учителско просветителски, Климент развил и богата книжевна дејност. Автор е на многу поучни и пофални зборови, но во неговото творештво преовладуваат поучителните слова кои се однесуваат на општо хриостијански светители.
На 8-ми Декември денот на патронот од нашето училиште со посебна програма свечено се одбележува. Започнува со полагање на цевќе пред споменикот на патронот во училишниот двор , се организираат активности (рецитали, ликовни изложби, турнири и сл.), празнувањето продолжува со свечена приредба кој ја подготвуваат учениците и заедно со наставниот кадар во чест на патрониот празник на нашето училиште “Св. Климент Охридски ”.