Фото галерија

СРЕЌНА НОВА ГОДИНА
  • СРЕЌНА НОВА ГОДИНА
  • Учениците и колективот на ООУ Св.Климент Охридски Ви посакува среќни празници и добро здравје!
НОВОГОДИШЕН БАЗАР
  • НОВОГОДИШЕН БАЗАР
  • Традиционално, по повод новогодишните празници, денеска во холот на училиштето се одржа новогодишен базар. Учениците, заедно со своите родители, баби и дедовци изработуваа рачни творби, украсни предмети, домашно приготвена храна. На оваа манифестација, родители, вработени во основното училиште, наставници, купувааа од приложените предмети и прехранбени производи.
GENERALKA ART
  • GENERALKA ART
  • Ангела Стојкоска ученичка од IX/1 одделение од нашето училиште е една од трите победници на овогодинешниот натпревар GENERALKA ART..Во името на генералниот покровител Пивара Скопје и официјалните партнери Пакомак,Шпаркасе банка и Нула отпад, претставниците од организаторот на GENERALKA VIKEND , Мен енд Маунтен, госпоѓа Гордана Софија и Ханес Јекл заедно со градоначалникот на општина Македонски Брод М-р Жарко Ристески и одговорниот за акцијата GENERALKA VIKEND за општина Македонски Брод госпоѓа Ирена Мишкоска на свечен начин ги доделија наградита за училиштето и наградената ученичка. За училиштето е обезбедена една голема жардинера заедно со соодветна почва и со колекција на оргинални афтохтони семиња. Нашите ученици за овие растенија ќе научат како се садат, растат, како се одгледуваат и на крајот како се собираат плодовите. Нашите деца ќе бидат поврзани со наследството на нашата култура со учење за тоа како се создавал и одржувал животот кај постарите генерации во нашата земја. Сакаме да го вратиме тоа чувство на успех при бербата на сопствениот зеленчук што учениците го одгледувале со љубов и грижа.
Во посета на  училиштето  беше кинескиот амбасадор господинот Жанг Зуо
  • Во посета на училиштето беше кинескиот амбасадор господинот Жанг Зуо
  • Во посета на училиштето беше кинескиот амбасадор во Република Македонија господинот Жанг Зуо со неговите соработници, придружуван од градоначалникот на општина Македонски Брод, М-р Жарко Ристески и претседателот на Советот на општина Македонски Брод г. Ивица Аврамоски. Во пријателската средба со раководството на училиштето беше разговарано за реализацијата на курсот за бесплатно изучување на кинескиот јазик во училиштето што се одвива преку Институтот за кинески јазик во рамките на Универзитетот Св,Кирил и Методиј Скопје, и беа разгледани можностите за проширување на соработката со реализација на повеќе заеднички проекти. Беше направена кратка обиколка на училиштето со посета на часовите по кинески јазик. Од страна на директорот на училиштето на кинескиот амбасадор му беше доделена благодарница за плодна и успешна соработка и продолжување и проширување на истата.
Свечена академија под мотото "Да си подадеме рака"
  • Свечена академија под мотото "Да си подадеме рака"
  • Во просториите на Дом на култура Македонски Брод одржавме свечена академија под мотото "Да си подадеме рака" подготвена од учениците и наставниците.
Регионални спортски игри за учениците со посебни образовни потреби
  • Регионални спортски игри за учениците со посебни образовни потреби
  • Во ООУ ,,Св. Климент Охридски”- Македонски Брод, во соработка со Сојузот на училиштен спорт на западен регион на РСМ и поддршка од Локалната самоуправа на Македонски Брод, се одржаа Регионални спортски игри за учениците со посебни образовни потреби. Учениците во машка и женска конкуренција за основно, зедоа учество во следните дисциплини: Тробој, Полигон, Пинг-Понг, Кошарка и Мал фудбал. Покрај нашите прекрасни ученици на игрите учествуваа и ученици од основни училишта од Прилеп, Кавадарци, но и лица од Дневен центар- с. Долни Манастирец - М.Брод и Дневен центар- Гевгелија. Благодарност за сите учесници кои дадоа активно учество во игрите и во одржувањето на овој спортски настан кој поттикнува инклузивно и демократско образование.
КА 210 Еразмус+
  • КА 210 Еразмус+
  • "MYTHS: My Tremendous Heritage - from paper to computer" е името на КА 210 Еразмус+ проектот кој започна во 2022 година, а треба да заврши во 2024. Во текот на овие две години се случуваат низа проектни активности кои ги реализираат ученици и наставници од четири европски училишта. Нашето училиште ООУ Св. Климент Охридски е партнер во овој проект заедно со училишта од Дижон, Франција (координатор), Анкара, Турција и Алтер до Чао, Португалија. Наставничката по англиски јазик Наташа Когој е координатор на овој проект од нашето училиште која заедно со наставниците Милисав Димоски, Светлана Танеска и Маријана Ристеска учествуваа на проектните мобилности во Франција, Турција и Португалија со уште тринаесет ученици. Од 22 до 26 мај 2023 година нашето училиште за прв пат беше Еразмус домаќин и пречека 7 наставници и 15 ученици од партнерските земји. Во текот на таа работна недела се спроведоа различни работилници, на пример: митови и сложувалки - подредување текст во правилен редослед, micro:bit работилница (со наставничката по информатика Сара Радевска), мали олимписки игри (со наставниците Јовица Блажески, Мартин Батанџиовски и Марјан Силјаноски), скенирање QR кодови и сл. Празникот 24 Мај го одбележавме со интерпретација на симфонијата ,,Ода на радоста" од страна на учениците-учесници во проектот и нашиот училишен хор (со наставникот по музичко Златко Ристески) на сите четири јазици. Она што е следно се уште неколку онлајн работни средби помеѓу партнерите и во текот на 2024 година проектот официјално треба да заврши
ЕКСКУРЗИЈА  - Европска недела на спортот
  • ЕКСКУРЗИЈА - Европска недела на спортот
  • Во согласност со Годишната програма за работа на училиштето за учебната 2023/2024 година, на ден 21.9.2023 година со учениците од I до IX одделение се изведе екскурзија од наставно-научен и рекреативен карактер во блиската околина, исто така преку забавни спортски игри беше реализиран проектот,,Европска недела на спортот" со учениците од V одделение под менторство на проф. Мартин Батанџиовски на Градскиот стадион.
ДЕНОТ НА УЧИТЕЛОТ
  • ДЕНОТ НА УЧИТЕЛОТ
  • Детска недела, ветување на првачињата и одбележување на денот на учителот - ПУСамоков
 Јас и светот околу мене
  • Јас и светот околу мене
  • Оваа седмица ја посветивме на децата, нашето најголемо богатство. Со песна, игра и дружба се уверивме дека светот е поубав за сите нас. Мотото Јас и светот околу мене го реализиравме и доказ се направените прекрасните слики и видеа. Првачиња, ученици наши, Ви посакуваме светол пат во стекнувањето на уште многу други вештини, а ние сме тука да ви помогнеме.
Доделена плакета за ЕТВИНИНГ училиште 2023/24
  • Доделена плакета за ЕТВИНИНГ училиште 2023/24
  • Во просториите на Europe House, во Скопје, се одржа свечено доделување на плакетите за ЕТВИНИНГ ознаката за училишта. Ние, заедно со уште 24 училишта од Македонија, сме горди на оваа престижна ознака која е резултат на упорноста, посветеноста и наградените проекти во изминатите неколку години. Официјално нашето училиште е на еднакво рамниште со европските училишта во однос на педагошките практики и иновативните пристапи кои се користат во наставата.
СРЕЌНО ПРВАЧИЊА
  • СРЕЌНО ПРВАЧИЊА
  • Драги наши ученици нека оваа учебна 2023/2024 година ви биде среќна, успешна и предизвик за поголеми успеси. Посебни честитки за нашите најмали – првачињата, бидејќи ова за нив е посебен ден, кој во нивнито сеќавање ќе заземе посебно место. Тука да изразиме голема благодарност за соработката на општина Македонски Брод која им обезбеди училишни ранчиња, а невладината организација „ Локал акт “ – Македонски Брод, ПЗУ Д-р Спаско Ѓурчиноски и Д-р Лозаноски обезбедија училишен прибор.
Tродневна екскурзија IX одд
  • Tродневна екскурзија IX одд
  • Дружбата создава незаборавни спомени. Мал дел од тродневната екскурзија
Дводневна екскурзија 2023
  • Дводневна екскурзија 2023
  • Струмица, Колешински водопади и археолошкиот локалитет Стоби
24 Мај денот на сесловенските просветители
  • 24 Мај денот на сесловенските просветители
  • На 23.05. 2023година во Домот на културата Македонски Брод ООУ Св.Климент Охридски од Македонски Брод по повод 24 Мај денот на сесловенските просветители одржа СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА. Голема благодарност до учениците учесници и тимот за јавна и културна дејност предводен од наставникот по Музичко образование Златко Ристески за добрата организација и реализација..
ВЕЛИГДЕНСКИОТ БАЗАР 2023 година
  • ВЕЛИГДЕНСКИОТ БАЗАР 2023 година
  • Браво, браво, браво!!! Со креативност на највисоко ниво го реализиравме ВЕЛИГДЕНСКИОТ БАЗАР! Нашето училиште ви се заблагодарува за вашето учество и ви посакува среќни велигденски празници! СРЕЌЕН ВЕЛИГДЕН!!!
Светски ден на здравјето
  • Светски ден на здравјето
  • Денес, 7 април 2023 година , Светски ден на здравјето ,Светската здравствена организација ја одбележува 75- годишнината од формирањето под слоганот „Здравје за сите“. За, здравјето со право се кажува дека е извор на среќа.Кога човек се чувствува здраво, задоволен е,весел, насмеан и расположен. Здравјето е најголемото богатство за сите луѓе. Здравјето е човеково право; време е за здравје за сите.
ДЕНОТ НА ШЕГАТА
  • ДЕНОТ НА ШЕГАТА
  • Шарени маски, насмеани детски лица, музика и танц. Први април ги кани на дефиле сите да го одбележиме ДЕНОТ НА ШЕГАТА. Најмладите како принцези, лекари, пирати, вештерки и ликови од цртаните филмови ќе го одбележат денот кога можат да влезат во светот на бајките и да бидат тоа што ќе посакаат.
СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА ЗАШТЕДА НА ВОДИТЕ 22 ри МАРТ
  • СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА ЗАШТЕДА НА ВОДИТЕ 22 ри МАРТ
  • Денес, научивме за важноста и вредноста на водата, бидејќи таа живот значи. По повод СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА ЗАШТЕДА НА ВОДИТЕ 22 ри МАРТ низ работилници, драмска изведба и проектни активности, нашите вредни ученици од IV-1 и IX-2 одделение го одбележаа овој датум. Преку активностите испратија порака заедно да градиме и да подигнеме свест за заштеда, зачувување и заштита на овој животен извор.
Доаѓањето на пролетта и Денот на екологијата
  • Доаѓањето на пролетта и Денот на екологијата
  • Денешниот ден со нашите вредни ученици го одбележавме со многубројни активности и приредба. Направивме краток осврт на работите кои треба да ги негуваме и сите заедно и посакавме добредојде на пролетта , го одбележавме Денот на екологијата , како и Денот на поезијата . Нека ни е честит 21 Март-Денот на поезијата и нека овој ден биде покана да се размислува за моќта на јазикот и развојот на креативните способности на секој човек. Доаѓањето на пролетта и Денот на екологијата, нека биде потсетник да ја чуваме природата и да ја развиваме нашата еколошка свест која е неопходна за чиста околина и здрава средина.
Свечено и достоинствено одбележан Денот на училиштето - 8 Декември.
  • Свечено и достоинствено одбележан Денот на училиштето - 8 Декември.
  • Пред спомен-бистата на Свети Климент Охридски во училишниот двор започна официјалниот дел за свечената прослава со положување на свежо цвеќе предводена од директорот, г-дин Тони Ставрески и градоначалникот на општина Македонски Брод, Жарко Ристески, кои одржаа пригоден говор пред присутните во училишниот двор, а посебен поздрав упативме до пристигнатите гости и ученици од следните училишта: ООУ Христо Узунов- с.Другово, ООУ Владимир Полежиновски - Кичево, СОУ Св Наум Охридски- Македонски Брод, ООУ Ванчо Николески - с.Лескоец, Охрид, ОУКемал Ататурк- с.Пласница, но и посебен специјален поздрав до ОУ Вук Караџи - општина Алексинац, Република Србија, претставувано од директорот г-дин Милан Диниќ. Во своето обраќање, директорот посебен акцент посвети на наставниот кадар од нашето училиште кој претставува вистински столб на образованието и воспитанието на учениците. На овој за нас многу важен ден беа реализирани многубројни активности и свечености посветени на нашиот патрон и заштитник, Св. Климент Охридски. Учениците од нашето училиште, заедно со учениците од другите училишта, овој ден го одбележаа со многу забава, дружење, едукативни игри, читање на лични творби, експерименти, ликовна изложба, презентации, работилници и спортски активности.
 Ерасмус + ,,Забавно учење во дигитална ера  ,,
  • Ерасмус + ,,Забавно учење во дигитална ера ,,
  • Во нашето училиште во 2 дена беше реализирана обука на воспитно-образовниот кадар од страна на учесниците во проектот од Ерасмус + програмата за КА1 за училиштно образование. Темата на обуката беше ,,Забавно учење во дигитална ера во која што наставниците со задоволство ги прифаќаат дигиталните алатки, при кои што на учениците на лесен, забавен, креативен начин и слично ќе им овозможат да ги совладуваат потребните знаења. Координатор и обучувач на проектот: Александар Станкоски Обучувачи: Јовица Блажески и Маријана Ристеска.
Tiny Hands Meeting Art
  • Tiny Hands Meeting Art
  • На проектот работеше наставничката Наташа Стојкоска заедно со 6 ученици од нашето училиште. Проектот траеше до мај, 2021. Учествувавме во онлајн натпревар во кој освоивме 1 и 3 место во конкуренција од 25 ученици. Преку овој проект и позитивната енергија, учениците научија многу за различните култури, го подобрија говорниот англиски и нивната самодоверба кон изразувањето. Учествувавме во разновидни активности како креирање на постер, лого, изработка на оригами,боење на камчиња кои зборуваат, картички за денот на мајката итн. Поголемиот број на активности беа реализирани преки ИКТ 2.0 алатките како Canva, logo maker, Wordcloud, Chutterpix, Story Jumper, Jigsaw Planet итн. Со користење на овие алатки секако со помош на наставничката учениците ги подобрија дигиталните вештини. Наставниците од партнер училиштата соработуваа преку онлајн состаноци кои ги одржуваа на месечно ниво.
Денови за сеќавање-Време е да запрат кривичните дела на улиците
  • Денови за сеќавање-Време е да запрат кривичните дела на улиците
  • Учениците од нашето училиште го одбележаа денот за сеќавање на жртвите во сообраќајот
Заклетва на првачињата
  • Заклетва на првачињата
  • На ден 09.10.2015г. на градскиот плоштад се изведе свечена приредба.
Турнир во мал фудбал
  • Турнир во мал фудбал
  • По повод Детската недела се одржа турнир во мал фудбал за учениците од I до V одделение
AI IN 5Steps- E-twinning проект
  • AI IN 5Steps- E-twinning проект
  • E-twinning проект по информатика на тема Вештачка интелигенција. Учениците го научија значењето на поимот вештачка интелигенција, како и каде денес таа е се позастапена во секојдневниот живот. Работевме во различни програми за вештачка интелигенција и во Scratch програмски јазик создававме програми и игри.
Пролетни регионални спортски игри со деца со посебни образовни потреби
  • Пролетни регионални спортски игри со деца со посебни образовни потреби
  • Чест ни беше што бевме дел од вашата дружба, натпревар, игра, насмвка и радост! Со овај настан сите придонесовме за промовирање на спортот како важна алатка во воспитно-образовниот процес, социјлниот и емоционалниот живот на секое дете. Големо Благодарам До сите учесници кои доаѓаа од Струга, Охрид, Прилеп, Кавадарци и нашите победнициод М. Брод и Дневен центар -Манастирец. Сите родители Суперхерои и за нивното присувство и подршка. До сите наставници колеги кои професионално и со многу ентузијазам активно учествуваа во овај настан и ги бодреа учесниците да постигнат поголеми резултати 1. Јовица Блажески 2. Маријан Сиљаноски 3. Марјан Стојаноски 4. Златко Ристески 5. Мартина Филипоска 6. Кристина Симјаноска Нашите Образовни асистенти: 1. Добрила Ристеска 2.Емилија Вељаноска 3.Наташа Змејкоска 4. Ангела Угриноска До нашит Директор Тони Ставрески и неговата подршка во организирање на овај настан да биде достоен за сите присутни.</p> Благодарност до Градоначалникот Жарко Ристески кој не удостои со неговото присувство и го истакна овај настан како општествено важен, кој треба да продолжи и да стане традиција. Благодарност до сите останати прусутни кои остана да следат до крај.
Градиме инклузивно училиште и инклузивно општество
  • Градиме инклузивно училиште и инклузивно општество
  • Времето поминато во сензорна соба на учениците им помага да ја подобрат својата тактилна, вестубуларна проприоцептивна, визуелна, аудитивна обработка, која следи со правилно градење на телесната шема, односна свесноста за сопственото тело, градење на соодветно моторичко и идеомоторно планирање, зрелосна реакција, зајакнување на посдуралниот механизам, билатеризација, визиоспацијалната, секвенционална способност, како и нивната фина, груба моторика,когнитивен и социо-емоционален развој. Со таа цел како дел од Проектот Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран кој е финансиран од Европската Унија во нашето училиште создадовме соодветен простор, &quot;Сензорна соба за ученици со посебни образовни способности, стимулативен простор, место за третман, релаксација, регулација, индивидуален пристап, учење и игра.
Одбележување на Денот на пролетта и Денот на екологијата
  • Одбележување на Денот на пролетта и Денот на екологијата
  • Денес, имавме кратка приредба и активности преку кои направивме осврт за работите кои треба да ги негуваме и сите заедно и посакавме добредојде на пролетта го одбележавме Денот на екологијата како и Денот на поезијата. Денешниот датум, 21-ви март го обединува светот преку безграничната моќ на стиховите. УНЕСКО го одреди овој ден во 1999 година како Меѓународен ден на поезијата, препознавајќи ја како уникатен начин на експресија на креативниот дух на човековиот ум. Поезијата е одраз на слободата, моќта на говорот и составен дел од културата на секоја нација. Затоа, секоја држава, нација и култура, треба да стори за да ја поттикне поезијата и да потсети да не заборавиме дека поезијата е нашата заедничка културна животна сила. Поезијата е боја која помага да се наслика нашиот живот со живописни бои. Нека ни е честит 21 Март-Денот на поезијата и нека овој ден биде покана да се размислува за моќта на јазикот и развојот на креативните способности на секој човек.
 сертификат за квалитет
  • сертификат за квалитет
  • Нашите 5 проекти се наградени со сертификат за квалитет Горди сме на нашите наставници и ученици
 сертификат за квалитет на европско ниво
  • сертификат за квалитет на европско ниво
  • Нашето училиште е наградено со сертификат за квалитет на европско ниво Горди сме на нашите наставници и ученици
My etwinning journey интернационален проект
  • My etwinning journey интернационален проект
  • Летниот распуст не ги спречува нашите ученици да работат и да ги продлабочуваат знаењата за дигиталната технологија. Две ученички активно учествуваат во проект на интернационалната платформа eTwinning заедно со наставничката по информатика Сара Р. Се запознаваат со нови web2.0 алатки и меѓусебно соработуваат и работат во заеднички проекти со учениците од другите држави како што се Турција, Јордан и Албанија.
Summer Holiday in MY Country
  • Summer Holiday in MY Country
  • Осум ученици од петто одделение активно учествуваат во etwinning проектот Summer Holiday in My Country кој започна на 01.05 и ќе заврши на 19.06. Учениците заедно со наставничката по англиски јазик Наташа Когој секоја недела учествуваат на online средби со ученици од Хрватска, Турција, Романија, Полска, Јордан. Целта на проектот е запознавање со други земји и различни култури, споделување знаења и искуства, учество во дискусии на англиски јазик. Меѓу другото, една од најглавните точки на проектот е климата и климатските промени на планетата Земја. Па така на 15 мај имавме online средба на која го одбележавме светскиот Ден на климатските промени. На 20 мај нашите ученици достоинствено ја презентираа нашата земја и огдовараа на прашања поставени од учениците од останатите земји-учеснички во проектот Summer Holiday in MY Country.
English is EasyPeasy
  • English is EasyPeasy
  • На проектот работеше наставничката Наташа Стојкоска заедно со 6 ученици од нашето училиште. Проектот траеше од февруари до јуни, 2021. Учениците соработуваа со своите соученици од партнер училиштата преку мешаните групни тимови. Учествувавме во онлајн натпревар во кој освоивме 1 и 3 место во конкуренција од 25 ученици. Преку овој проект и позитивната енергија, учениците научија многу за различните култури, го подобрија говорниот англиски и нивната самодоверба кон изразувањето. Учествувавме во разновидни активности како креирање на постер, лого, кодирање преку боење,креирање маски кои зборуваат, картички за денот на мајката итн. Поголемиот број на активности беа реализирани преки ИКТ 2.0 алатките со кои учениците ги подобрија дигиталните вештини. Наставниците од партнер училиштата соработуваа преку онлајн состаноци кои ги одржуваа на месечно ниво.
eTwinning проект Four Seasons Four Skills
  • eTwinning проект Four Seasons Four Skills
  • И најмалите учествуваат во големи проекти! Првачињата од нашето училиште со задоволство ги прифатија сите активности кои беа планирани во eTwinning проектот Four Seasons Four Skill кој го реализираа со наставничката по англиски јазик Наташа Когој. Па така, започнувајќи од први април два месеци активно допринесуваа за успешноста на овој проект. А неговата цел е развивање на четирите основни вештини при изучување на странски јазик, а тоа се: слушање, зборување, читање и пишување. Преку најразлични активности учениците го збогатија својот фонд на зборови поврзан со четирите годишни времиња, сезонската облека, временските услови и сл. Наставната програма во прво одделение дозволува вакви активности кои се добредојдени за усовршување на јазичните вештини. Проектот изобилува и со докази за употреба на web алатки, па покрај јазични вештини учениците применуваа и технологија, па така создадовме една заедничка е-книга како колаборативна активност во рамки на проектот, акростих, сликовница со сезонска облека, слушавме песни за годишни времиња, се вклучувавме на заеднички онлајн средби со останатите партнери од Романија, Турција, Грузија, Италија, Шпанија, Србија и Јордан. За време на сите овие активности и средби строго беше запазена мерката за електронска безбедност на учениците (e-safety)
Code your own game and play
  • Code your own game and play
  • Денес од малидите ученици се очекува да ја совладаат употребата на технологијата, без оглед на тоа која работа ќе ја изберат во иднина. Кодирањето стана основно барање слично на математиката или писменоста во денешниот дигитален свет. Некои ученици се насочуват на дизајнирање на Minecraft, една од најпродаваните видео игри во нашево време, додека други претпочитаат кодирање на јазик заснован на скрипти. Со овој проект, студентите ќе се запознаат со различни алатки за кодирање и ќе можат да анимираат или дизајнираат игра користејќи ја алатката во која најмногу уживаат.
Пролет дојде - Најмалите дечиња од ПУ Манастирец
  • Пролет дојде - Најмалите дечиња од ПУ Манастирец
  • Не се само две ластовички оваа пролет. Има едно цело јато ученици кои со својата работа и дела ја најавуваат пролетта и убавите времиња кои надоаѓаат и на кои пандемијата не им влијае во творењето
 Први Април, 2021
  • Први Април, 2021
  • Прошетка со учениците од I до III одд.
Oсвоeно  второто и третото место  на онлајн квиз по англиски јазик
  • Oсвоeно второто и третото место на онлајн квиз по англиски јазик
  • На 18 март 2021год. се одржа онлајн квиз по англиски јазик на кој учествуваа ученици од четврто одделение од нашето училиште заедно со ученици од Турција. Се тестираше брзина на одговарање и давање на точни одговори. Од вкупно 30 ученици, ние ги освоивме второто и третото место. Андреј Станоески - второ место, Даријан Јанески - трето место, Петар Трајаноски-учество. Докажуваме дека сме најдобри и надвор од границите.
Првачињата спремни за учество во меѓународен проект преку платформата на Etwining
  • Првачињата спремни за учество во меѓународен проект преку платформата на Etwining
  • Учениците од ПРВО одд. од ПУ с.Самоков, кои заедно со својот наставник Александар Станкоски, имаат особена чест заедно со своите врсници од Италија, Молдавија, Tурција и Азербејџан да учествуваат во меѓународниот проект за меѓусебна соработка и партнерство преку платформата на Etwining. Ова се првите зададени чекори од координаторите од Турција кон реализација на проектот ,,Peaceful and collaborative classes&quot; (Мирни и соработнички часови), во кои учениците имаат за цел да ја претставуваат својата земја, преку активности наменети за нивната возраст... Им посакувам голем успех!
Турнири по повод 8-ми Декември
  • Турнири по повод 8-ми Декември
  • Во програмата за одбележување на денот на училиштето „8-ми Декември“ – ООУ „Св. Климент Охридски“ организира два турнири. Едниот за учениците од I до IX одделение во кој зедоа учество повеќе од 200 ученици. Исто така веќе неколку години нашето училиште организира и синдикален турнир во мал фудбал. Благодариме на сите учесници и им посакуваме успешен настап.
Детска недела  Под мотото „Градиме мостови, чекориме напред!“
  • Детска недела Под мотото „Градиме мостови, чекориме напред!“
  • Oд понеделникот 1 Октомври започна одбележувањето на Детската недела, која ќе трае до 7 Октомври. На 5-ти Октомври првачињата дадоа Свечено ветување, со што станаа членови на Детската организација.
ПРВ УЧИЛИШЕН ДЕН - УЧЕБНА 2018/19г.
  • ПРВ УЧИЛИШЕН ДЕН - УЧЕБНА 2018/19г.
  • Нашето училиште на 3-ти Септември (Понеделник) ги отвари вратите за сите свои ученици, посебно за нашите мали првачиња за кои овој ден е посебен...
Велигденски Базар 2018
  • Велигденски Базар 2018
  • По повод ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ ООУ„Св.Климент Охридски“ од Македонски Брод традиционално организираше ВЕЛИГДЕНСКИ БАЗАР. Во холот на училиштето на штандови беа изложени разни креативни изработки од учениците, родителите и наставниците.
Први Април
  • Први Април
  • Во централното училиште беше одбележан Први Април ден на шегата, смеата и маските. Учениците весело го дочекаа овој ден.
Новогодишна приредба
  • Новогодишна приредба
  • Во холот на училиштето се изведе новогодишна приредба и се доделија пакетчиња на учениците.
Патронат на училиштето 2017
  • Патронат на училиштето 2017
  • По повод патронатот на нашето училиште се изведоа неколку активности како положување на цвеќе пред споменикот, приредба и фудбалски натпревари во спортската сала.
Европска недела на мобилност
  • Европска недела на мобилност
  • Презентација за Е-отпад со учениците од 6-9 одд и организирање на награден квиз, Активности од страна на учениците на тема: ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ, Организирано дефиле со учениците по улиците на градот: сите на велосипед, тротинет, ролери и пешачење.
Екскурзија
  • Екскурзија
  • На ден 16.09.2017 се изведе наставно-научна екскурзија со учениците до градскиот стадион.
ПРВ УЧИЛИШЕН ДЕН - УЧЕБНА 2017/18г.
  • ПРВ УЧИЛИШЕН ДЕН - УЧЕБНА 2017/18г.
  • Нашето училиште на 4-ти Септември (Понеделник) ги отвари вратите за сите свои ученици, посебно за нашите мали првачиња за кои овој ден е посебен...
Приредба по повод 24 Мај
  • Приредба по повод 24 Мај
  • Во холот на училиштето се одржа приредба по повод 24 Мај, а воедно се одиграа и финалните натпревари во мал фидбал во спортската сала.
Ден на планетата Земја
  • Ден на планетата Земја
  • На ден 22.04.2017г. по повод ДЕНОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА во нашето училиште се прочита реферат на училишниот амфитеатар, а потоа се изведе екскурзија до градскиот стадион.
Велигденски Базар 2017
  • Велигденски Базар 2017
  • По повод ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ ООУ„Св.Климент Охридски“ од Македонски Брод традиционално организираше ВЕЛИГДЕНСКИ БАЗАР. Во холот на училиштето на штандови беа изложени разни креативни изработки од учениците, родителите и наставниците.
Новогодишен Базар и доделување на пакетчина на првачината
  • Новогодишен Базар и доделување на пакетчина на првачината
  • Во согласност со годишната програма за работа на нашето училиште на ден 31.12.2016г. со почеток во 12:00 часот беше одржан „Новогодишен базар”. Исто така во холот на училиштето се доделија и пакетчина на првачината.
Приредба ООУ„Св.Климент Охридски“ 2016
  • Приредба ООУ„Св.Климент Охридски“ 2016
  • Во Домот на Културата во Македонски Брод се одржа приредба по повод Патрониот празник.
ПАТРОНОТ НА УЧИЛИШТЕТО
  • ПАТРОНОТ НА УЧИЛИШТЕТО
  • По повод патронатот на нашето училиште се изведоа неколку активности како положување на цвеќе пред споменикот, приредба во холот на училиштето и фудбалски натпревари во спортската сала.
Ајде Македонија- Македонија без отпад 2016
  • Ајде Македонија- Македонија без отпад 2016
  • На ден 30.09.2016г. се одржа активност Ајде Македонија-Македонија без отпад во која беа вклучени сите ученици и наставници
Екскурзија
  • Екскурзија
  • На ден 29.09.2016 се изведе екскурзија со учениците
ПРВ УЧИЛИШЕН ДЕН - УЧЕБНА 2016/17г.
  • ПРВ УЧИЛИШЕН ДЕН - УЧЕБНА 2016/17г.
  • Нашето училиште на 1-ви септември (четврток) ги отвари вратите за сите свои ученици, посебно за нашите мали првачиња за кои овој ден е посебен...
Екскурзија со вработените
  • Екскурзија со вработените
  • Во согласност со Годишната програма за работа на училиштето за Учебната 2015/16година на 04.07.2016година беше изведена еднодневна екскурзија со вработените во училиштето. Педесет и седум вработени, организирано ги посетија манастирот Свети Јован Бигорски, Манастирот во Рајчица, Вевчанските извори и манастирот во Калишта.
Освоено второ место- ЕКО ПАКЕТ
  • Освоено второ место- ЕКО ПАКЕТ
  • ЧЕСТИТКИ За тимот од учениците: Марија Ристеска,Мартина Ставреска, Петар Петкоски, Ангела Филипоска и Симона Трајкоска предводени од менторот Маријана Ставреска кои на Наградниот конкурс на ЕКО ПАКЕТ МАКЕДОНИЈА го освоија ВТОРОТО МЕСТО.
Приредба по повод 24 Мај
  • Приредба по повод 24 Мај
  • Во Домот на Културата во Македонски Брод се одржа приредба по повод 24 Мај
Екскурзија 3-то
  • Екскурзија 3-то
  • На ден 19.05.2016 се изведе еднодневна екскурзија низ западна Македонија (Струга,Вевчани и Охрид)
Велигденски Базар
  • Велигденски Базар
  • По повод ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ ООУ„Св.Климент Охридски“ од Македонски Брод на ден 27.04.2016год.(среда) со почеток во 15:00 часот, традиционално оргинизираше ВЕЛИГДЕНСКИ БАЗАР. Во холот на училиштето на штандови беа изложени разни креативни изработки од учениците, родителите и наставниците. Воедно беа претставени и изработките од ЕКО ПАКЕТОТ.
Второ место на регионален натпревар-дисциплина Оркестар
  • Второ место на регионален натпревар-дисциплина Оркестар
  • Освоено второ место на регионалниот натпревар во прилеп во дисциплина оркестар
„Садница Плус“
  • „Садница Плус“
  • „Садница Плус“, како дел од пролетната акција „Ден на дрвото- ден на акција“
Први Април
  • Први Април
  • Во централното и подрачните училишта беше одбележан Први Април ден на шегата, смеата и маските. Учениците весело го дочекаа овој ден.
Државно првенство футсал-женски М.Брод 2016
  • Државно првенство футсал-женски М.Брод 2016
  • Од 25-27.02.2016 година во нашиот град се одржа државното првенство во футсал-женски.
Дедо Мраз подели пакетчиња
  • Дедо Мраз подели пакетчиња
  • Учениците добија новогодишни пакетчиња
Пуштање во употреба парно греење во ПУ Самоков
  • Пуштање во употреба парно греење во ПУ Самоков
  • Пред новогодишните празници беше одржана свечена приредба и беше пуштено парното греење во употреба.
Новогодишен Базар
  • Новогодишен Базар
  • Во согласност со годишната програма за работа на нашето училиште на ден 29.12.2015г. со почеток во 12:00 часот беше одржан „Новогодишен базар”.
Дедо Мраз додели пакетчина на првачината
  • Дедо Мраз додели пакетчина на првачината
  • Во холот на училиштето Дедо Мраз додели пакетчина на првачината
Пуштање на тениското игралиште
  • Пуштање на тениското игралиште
  • На ден 17.12.2015г. се пушти во употреба тениското игралиште во склоп на училиштето ООУ „Св.Климент Охридски“
Ден на дрвото
  • Ден на дрвото
  • Засадување на садници за денот на дрвото
Приредба по повод патрониот празник
  • Приредба по повод патрониот празник
  • Приредба во Домот на Културата- Македонски Брод
Патронот на Училиштето
  • Патронот на Училиштето
  • Положување на цвеќе пред споменикот и приредба во холот на училиштето
Синдикален турнир
  • Синдикален турнир
  • Синдикален турнир во мал фудбал и освоено трето место на ООУ „Св.Климент Охридски“
Учениците во емисијата Голем одмор
  • Учениците во емисијата Голем одмор
  • Нашите ученици предводени од нивните наставници учествуваа во емисијата Голем одмор
Екскурзија
  • Екскурзија
  • На ден 01.10.2015 се изведе еднодневна екскурзија со учениците
Ајде Македонија- Македонија без отпад
  • Ајде Македонија- Македонија без отпад
  • На ден 03.10.2015г. се одржа активност Ајде Македонија-Македонија без отпад во која беа вклучени сите ученици и наставници
ПУ Косово
  • ПУ Косово
  • Отворено е подрачното училиште во село Косово
Летниковец и тениско игралиште
  • Летниковец и тениско игралиште
  • Во склопот на нашето училиште беше направен летниковец и тениско игралиште
Прв училишен ден
  • Прв училишен ден
  • Нашето училиште на 1-ви септември(вторник) ги отвари вратите за сите свои ученици, посебно за нашите мали првачиња за кои овој ден е посебен...
Изградба на тениско игралиште
  • Изградба на тениско игралиште
  • Во основното училиште „Св. Климент Охридски“ во Македонски Брод, во тек е изградба на тениско игралиште, како заеднички проект на Агенцијата за млади и спорт и Општината.
„Садница плус“
  • „Садница плус“
  • На ден 26.05.2015г. беше реализирана акција „Садница плус“, пролет 2015г. За акцијата учениците беа задолжени да донесат сад со земја. Во садовите беа засадени семки од елки.
ЕКО ПАКЕТ -Награда за трето место
  • ЕКО ПАКЕТ -Награда за трето место
  • На 2 јуни 2015 година (вторник) во 18.00 часот се одржа изложба на уметнички дела изработени од употребена Тетра Пак амбалажа како дел од Наградниот конкурс „Еко пакет Македонија“. На првиот Награден конкурс „Еко пакет Македонија“ учествуваа 23 основни училишта со 68 уметнички дела изработени од селектирана Тетра Пак амбалажа.На првиот награден конкурс „Еко Пакет Македонија 2015“ беа доделени следниве награди: Прво место: уметничко дело „Був“ од ООУ „Мирче Ацев“, Ѓорче ПетровВторо место: уметничко дело „Сив сокол“ од ООУ „Тошо Велков Пепето“, КавадарциТрето место: уметничко дело „Животните и природата дел од мозаикот на шумата“, ООУ „Св. Климент Охридски“, Македонски Брод
Детски семафор 2015
  • Детски семафор 2015
  • На ден 30.05.2015г. во Скопје се одржа државниот натпревар „Детскиот семафор“ на кој учествуваше ученикот Мартин Неделкоски од нашето училиште заедно во тим со ученици од Прилеп.
Екскурзија и кревање на зеленото знаме
  • Екскурзија и кревање на зеленото знаме
  • На ден 28.05.2015г. се реализира еднодневна екскурзија на градскиот стадион со учениците од прво до девето одделение, а воедно се крена и доделеното зелено знаме на училиштето.
Турнир во мал фудбал
  • Турнир во мал фудбал
  • По повод 24 мај денот на Кирил и Методиј во нашето училиште се организира турнир во мал фудбал на кој учество зедоа сите одделениа од прво до деветто. Честитки до победниците!
ООУ „Св. Климент Охридски“
  • ООУ „Св. Климент Охридски“
  • Галерија на слики на училишната зграда и училишниот двор
Ден на пролетта
  • Ден на пролетта
  • Со учениците се изведе работна акција за да се одбележи денот на пролетта- 21 Март
Голем Одмор
  • Голем Одмор
  • На ден 19.03.2015г. учениците од нашето училиште беа учесници во емисијата Голем одмор, каде на најдобар начин го претставија нашето училиште.
Сончев систем
  • Сончев систем
  • Активности со учениците од II-1 одделение по природни науки на тема сончев систем
Отворени часови
  • Отворени часови
  • На ден 19.02.2015год.од страна на Светлана Танеска -професор по одделенска настава со учениците од II/2 одделение беше одржан отворен час по Македонски јазик, исто така и наставникот Владе Угриноски одржа отворен час по историја во VI-1 одделение, наставникот Васе Сињаноски по Македонски јазик во VIII-2 одделение и Бранко Димоски во ПУ Манастирец
ЕКО Пакет-активности
  • ЕКО Пакет-активности
  • Дел од активностите од еден од тимовите на учениците од ООУ„Св.Климент Охридски“ Мак.Брод вклучени во проектот Еко-пакет Македонија
Приредба ООУ„Св.Климент Охридски“ 2015
  • Приредба ООУ„Св.Климент Охридски“ 2015
  • Во Домот на Културата во Македонски Брод се одржа приредба по повод 24 Мај
Екскурзија 3-то одделение
  • Екскурзија 3-то одделение
  • Еднодневна екскурзија со учениците од 3-то одделение
ШАМПИОНИ 2015
  • ШАМПИОНИ 2015
  • Нашите ученички членови на Училишниот спортски клуб „Св.Климент Охридски 2014“ предводени од НЕУМОРНИОТ професор по Физичко и здравствено образование Јовица Блажески по трет пат се државни прваци во фудбал и футсал. Голема благодарност до ученичките и професорот што на Олимпијадата на училишни спортови одржана во Карпош Скопје станаа Шампионки во фудбал и футсал и ни донесоа два прекрасни пехари кои ќе ги красат витрините на нашето училиште.
Натпревар „Детски семафор“
  • Натпревар „Детски семафор“
  • Нашето училиште ООУ „Св.Климент Охридски“ Мак.Брод зеде учество на регионалниот натпревар „ Детски семафор“,кој се одржа на ден 10.05.2015год. во ОУ „Гоце Делчев“ во Прилеп. На натпреварот учество зедоа 6 ученици , 2 во големата група и 4 во малата група.
Меѓуетничка интеграција во образованието
  • Меѓуетничка интеграција во образованието
  • Меѓуетничка интеграција во образованието во училиштето Пере Тошев од с.Десово
ДЕНОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА
  • ДЕНОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА
  • На ден 22.04.2015г. по повод ДЕНОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА во нашето училиште се реализира час за одржување на нашата околина, чиста и здрава. Часот се одржа во соработка со Полициската станица од Македонски Брод на кои присуствуваа ученици од трето и четврто одделение.
Меѓуетничка интеграција во образованието
  • Меѓуетничка интеграција во образованието
  • Реализирајќи на програмата Меѓуетничка интеграција во образованието на 09.04.2015 година, во нашето училиште се одржа работилница „Музиката и литературата во различните култури“ со партнер училиштето „Пере Тошев“ с. Десово и активности поврзани со Велигденскиот базар. Учениците заедно слушаа музика од различни култури, а потоа играа јазичка игра со физички активности под име „Куќа, станар, земјотрес“. Наредните активности се предвидени во ОУ „Пере Тошев“ во с. Десово.
Велигденски Базар
  • Велигденски Базар
  • Во согласност со годишната програма за работа на нашето училиште на ден 09.04.2015г. со почеток во 15:00 часот беше одржана аукција „Oд учениците за учениците”, што прерасна во традиционална манифестација. Темата на оваа аукција беше „Велигденски панаѓур” и сите донесени домашни изработки беа прилагодени на велигденските празници.
Велигденски Базар
  • Велигденски Базар
  • На ден 8.4.2015г. беше одржан Велигденски Базар во холот на подрачното училиште во ПУ Самоков
АПРИЛИЈАДА 2015
  • АПРИЛИЈАДА 2015
  • Во централното и подрачните училишта беше одбележан 1 Април ден на шегата. смеата и маските, учениците весело го дочекааа овај ден.
Еко Пакет
  • Еко Пакет
  • Готови изработки на учениците од проектот ЕКО ПАКЕТ
ЕКО Пакет-ООУ „Св.Климент Охридски“-Мак.Брод
  • ЕКО Пакет-ООУ „Св.Климент Охридски“-Мак.Брод
  • Во тек е реализацијата на активностите за ЕКО Пакетот
„Ајде Македонија - Македонија без отпад“
  • „Ајде Македонија - Македонија без отпад“
  • На ден 18.10.2014година (сабота), одржана е еколошка акција „ Ајде Македонија - Македонија без отпад“
Нови униформи на вработените
  • Нови униформи на вработените
  • Вработените во ООУ„Св.Климент Охридски“ со нови униформи е започнаа новата учебна година
Доделување на Пофалници
  • Доделување на Пофалници
  • Директорот им подели пофалници на најдобрите учениците а воедно и првите тројца беа парично наградени.