О Г Л А С
за запишување на ученици во прво одделение
во учебната 2024/2025 година
Право на запишување во прво одделение имаат:
-Сите деца родени во 2018 година.
-По претходно барање од родителот и добиено мислење од стручната служба во училиштето можат да се запишат и деца родени во јануари 2019 година.
Потребни документи:
-Потврда за примени задолжителни вакцини за детето издадена од ЈЗУ Здравствен дом
- Потврда од стоматолошки и офталмолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа.
-Извод на родени на детето
-Лична карта од родител/старател(копија)
-Пријава за упис
Запишувањето го води Комисија за запишување на ученици во прво одделение во текот на месец мај по претходно договорен термин на Тел. 078/240-466 и 078/310-267 секој работен ден од 9-13 часот. Документите заено со пријавата се доставуваат во училиштето во периодот од 02.05.2024 до 31.05.2024 секој работен ден од 09 до 14 часот или по електронски пат преку порталот :uslugi.gov.mk.
Мај 2024 година директор
Македонски Брод Тони Ставрески
Објавено на: Tuesday, June 27, 2017