И З В Е С Т У В А Њ Е За учениците,родителите/старателите и наставниците <
Почитувани, Ве известуваме за начинот и времето за враќање на бесплатните учебници од учебната 2021/2022 година Учениците од 9 и 5 одделение задолжените бесплатни учебници од учебната 2021/2022 година да ги вратат на ден 08.06.2022 година (среда) кај своите одделенски раководители во централното и сите подрачни училишта.Учениците од 6-8 одделение бесплатните учебници што ги користеа во учебната 2021/2022 да ги вратат на ден 09.06.2022 година (четврток). Наставниците што задолжија учебници во печатена форма за 4 одделение имаат обврска задолжително да ги вратат учебниците. Одделенските раководители благовремено да ги подигнат засписниците за вратени учебници од училишната библиотека и уредно да ги пополнат за секој ученик посебно. Доколку некој ученик не врати задолжен учебник истиот треба да го плати според ценовникот за изгубени или оштетени учебници изготвен од МОН. Одделенските раководители се должни добро да ги проверат учебниците според записниците. Доколку недостасува некој учебник тоа да го пријават кај библиотекарот на училиштето. Истовремено, се известуваат сите ученици кои имаат невратени лектири истите задолжително и навреме да ги вратат во училишната библиотека.
Објавено на: Sunday, June 5, 2022