Првачињата спремни за учество во меѓународен проект преку платформата на Etwining
Учениците од ПРВО одд. од ПУ с.Самоков, кои заедно со својот наставник Александар Станкоски, имаат особена чест заедно со своите врсници од Италија, Молдавија, Tурција и Азербејџан да учествуваат во меѓународниот проект за меѓусебна соработка и партнерство преку платформата на Etwining. Ова се првите зададени чекори од координаторите од Турција кон реализација на проектот ,,Peaceful and collaborative classes" (Мирни и соработнички часови), во кои учениците имаат за цел да ја претставуваат својата земја, преку активности наменети за нивната возраст... Им посакувам голем успех!