На проектот работеше наставничката Наташа Стојкоска заедно со 6 ученици од нашето училиште. Проектот траеше од февруари до јуни, 2021. Учениците соработуваа со своите соученици од партнер училиштата преку мешаните групни тимови. Учествувавме во онлајн натпревар во кој освоивме 1 и 3 место во конкуренција од 25 ученици. Преку овој проект и позитивната енергија, учениците научија многу за различните култури, го подобрија говорниот англиски и нивната самодоверба кон изразувањето. Учествувавме во разновидни активности како креирање на постер, лого, кодирање преку боење,креирање маски кои зборуваат, картички за денот на мајката итн. Поголемиот број на активности беа реализирани преки ИКТ 2.0 алатките со кои учениците ги подобрија дигиталните вештини. Наставниците од партнер училиштата соработуваа преку онлајн состаноци кои ги одржуваа на месечно ниво.