Осум ученици од петто одделение активно учествуваат во etwinning проектот Summer Holiday in My Country кој започна на 01.05 и ќе заврши на 19.06. Учениците заедно со наставничката по англиски јазик Наташа Когој секоја недела учествуваат на online средби со ученици од Хрватска, Турција, Романија, Полска, Јордан. Целта на проектот е запознавање со други земји и различни култури, споделување знаења и искуства, учество во дискусии на англиски јазик. Меѓу другото, една од најглавните точки на проектот е климата и климатските промени на планетата Земја. Па така на 15 мај имавме online средба на која го одбележавме светскиот Ден на климатските промени. На 20 мај нашите ученици достоинствено ја презентираа нашата земја и огдовараа на прашања поставени од учениците од останатите земји-учеснички во проектот Summer Holiday in MY Country.