Свечено и достоинствено одбележан Денот на училиштето - 8 Декември.
Пред спомен-бистата на Свети Климент Охридски во училишниот двор започна официјалниот дел за свечената прослава со положување на свежо цвеќе предводена од директорот, г-дин Тони Ставрески и градоначалникот на општина Македонски Брод, Жарко Ристески, кои одржаа пригоден говор пред присутните во училишниот двор, а посебен поздрав упативме до пристигнатите гости и ученици од следните училишта: ООУ Христо Узунов- с.Другово, ООУ Владимир Полежиновски - Кичево, СОУ Св Наум Охридски- Македонски Брод, ООУ Ванчо Николески - с.Лескоец, Охрид, ОУКемал Ататурк- с.Пласница, но и посебен специјален поздрав до ОУ Вук Караџи - општина Алексинац, Република Србија, претставувано од директорот г-дин Милан Диниќ.Во своето обраќање, директорот посебен акцент посвети на наставниот кадар од нашето училиште кој претставува вистински столб на образованието и воспитанието на учениците.На овој за нас многу важен ден беа реализирани многубројни активности и свечености посветени на нашиот патрон и заштитник, Св. Климент Охридски. Учениците од нашето училиште, заедно со учениците од другите училишта, овој ден го одбележаа со многу забава, дружење, едукативни игри, читање на лични творби, експерименти, ликовна изложба, презентации, работилници и спортски активности.