Денешниот ден со нашите вредни ученици го одбележавме со многубројни активности и приредба. Направивме краток осврт на работите кои треба да ги негуваме и сите заедно и посакавме добредојде на пролетта , го одбележавме Денот на екологијата , како и Денот на поезијата .Нека ни е честит 21 Март-Денот на поезијата и нека овој ден биде покана да се размислува за моќта на јазикот и развојот на креативните способности на секој човек.Доаѓањето на пролетта и Денот на екологијата, нека биде потсетник да ја чуваме природата и да ја развиваме нашата еколошка свест која е неопходна за чиста околина и здрава средина.