Денес, научивме за важноста и вредноста на водата, бидејќи таа живот значи. По повод СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА ЗАШТЕДА НА ВОДИТЕ 22 ри МАРТ низ работилници, драмска изведба и проектни активности, нашите вредни ученици од IV-1 и IX-2 одделение го одбележаа овој датум. Преку активностите испратија порака заедно да градиме и да подигнеме свест за заштеда, зачувување и заштита на овој животен извор.