Во рамките на проектот "Промоција на безбедна училишна средина" поддржан од Детската фондација Песталоци, Коалицијата на младински организации СЕГА со нашето училиште, се одржа втората работилница на 18.03.2024 година, на тема "Тимска работа". Предавачи беа ученици од деветто одделение: Калина Стојаноска, Влатко Ристески, Викторија Велеска и Петар Блажески, додека пак учество зедоа 20 ученици од седмите и осмите одделенија.