Проект „Заедно креираме за побезбедна училишна средина“
Во рамки на проектот „Промоција на безбедна училишна средина„ каде СмартАП – лабораторија за социјални иновации, Скопје е во партнерство со Коалиција на младински организации СЕГА, Македонскиот Центар за Граѓанско Образование и Прва Детска Амбасада во Светот МЕЃАШИ со поддршка од Детската Фондација Песталоци, е реализирана активноста Заедно креираме за побебедна училишна средина.
Нашето училиште креира училишен тим составен од пет ученици ( Искра Ристеска, Стефани Тримческа, Никола Трајкоски, Марин Ѓурчиноски и Сара Стојкоска), двајца наставници (Наташа Стојкоска и Александар Станкоски) и еден стручен соработник ( Кристина Симјаноска).
Работилницата организирана од страна на СмартАП – лабораторија за социјални иновации беше одржана во Февруари, 2024 во училиштето Кочо Рацин во Прилеп со траење од 4 часа.
Преку метод на дизајнерско размислување (design thinking) нашиот училишен тим беше запознаен со процесот за креативно решавање предизвици. Целта на оваа работилница беше преку вежби членовите на училишните тимови да научат како да пристапат кон решавање на предизвици од секојдневниот живот поврзани со превенцијата од насилство врз децата, eднакви можности за сите ученици и ученички и правата на децата.
Во следниот период тимот работеше на 5 предизвици од кои заедно со менторката издвоивме три кои подоцна ги дефиниравме и на крај и ги тестиравме во нашето училиште. Предизвиците беа следните:
Предизвик 1: Како би можеле дa ги мотивираме учениците кои покажуваат намален интерес за обавување на основните училиштни задачи и да се подигне нивната свест за сопстевните потенцијали и интереси (кај учениците од VIII одд.)
https://www.canva.com/design/DAGGvuMB3TQ/5PusYcIhAcnYwwE5YR8HdA/view?utm_content=DAGGvuMB3TQ&utm_campaign=designshare&utm_medium=link&utm_source=editor
Предизвик 2: Како би можеле да создадеме емпатија и позитивни облици на однесување кај учениците со недисциплинирано однесување.
https://www.canva.com/design/DAGGvUPTmSs/9RtEcRLQJ1JWkjeh83UgFQ/view?utm_content=DAGGvUPTmSs&utm_campaign=designshare&utm_medium=link&utm_source=editor
https://youtu.be/l8AAZri3yXQ
Предизвик 3:Како би можеле да постигнеме активно учество на учениците во ученичките секции и клубови од VIII и IX одделение.
https://www.canva.com/design/DAGGveQKKVM/KIiAFc3_tvlS6K5kjisCrQ/view?utm_content=DAGGveQKKVM&utm_campaign=designshare&utm_medium=link&utm_source=editor
Активностите за сите три предизвици вклучуваа ученици од најразлични возрасни групи, ученици од различен пол и ученици со посебни образовни потреби. Сите активности ги водеа учениците од тимот под надзор на наставниците. Некои активности беа предвидени како дел од наставните часови, дел од ученичката заедница/парламент во согласност со училишните правила и процедури и дополнително не го оптоваруваа буџетот на училиштето.