Образованието на децата е битен дел од нивното секојдневие. Со вклученоста на родителите во самиот образовен процес се допринесува во збогатување на нивните знаења и вреднување на истиот. На наша чест, кај третоодделенците денес присуствуваа родители кои ги споделија своите професионални познавања од областа на медицината. Под наслов "Грижа за сопственото здравје и здравјето на другите" се одржа работилница од страна на Специјалист по Семејна медицина Д-р Спаско Ѓурчиноски, Медицински лаборант Горан Иваноски и Специјалист медицинска сестра Наташа С. Јордановска. Учениците со внимание следеа се што се кажа и на крајот добија по еден подарок, обезбеден од Магистер по фармација Александра Ѓурчиноска од аптека Фармалек. Им се заблагодаруваме и повторно ќе ги очекуваме да ни дојдат. На часот беа присутни и гости - наставници од Република Словенија.