УСПЕШНА РЕАЛИЗАЦИЈА НА НОВОГОДИШНИОТ ХУМАНИТАРЕН БАЗАР 27 ДЕКЕМВРИ 2024 г.
Новогодишниот хуманитарен базар беше вистински празник за душата! Благодарение на трудот и посветеноста на нашите ученици, наставници и родители, овој настан прераснува во традиција.
Голема благодарност до сите пријатели, поддржувачи и родители кои беа дел од овој незаборавен ден. Вашата поддршка ни дава сила да продолжиме да креираме моменти што ги поврзуваат и инспирираат нашите ученици.
Новогодишниот базар уште еднаш покажа дека заедно можеме да создадеме празнична магија која долго ќе ја паметиме!