Нашите ученички членови на Училишниот спортски клуб „Св.Климент Охридски 2014“ предводени од НЕУМОРНИОТ професор по Физичко и здравствено образование Јовица Блажески по трет пат се државни прваци во фудбал и футсал. Голема благодарност до ученичките и професорот што на Олимпијадата на училишни спортови одржана во Карпош Скопје станаа Шампионки во фудбал и футсал и ни донесоа два прекрасни пехари кои ќе ги красат витрините на нашето училиште.